Дома Трансфер зона Нејмар ги отфрли дилемите: Останувам во ПСЖ

Нејмар ги отфрли дилемите: Останувам во ПСЖ

Бразилскиот ас Нејмар уште еднаш порача дека и наредната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ.

Нејмар пристигна минатото лето во Франција со една цел – да ја освои ЛШ. Сепак, клубот минатата сезона повторно загуби во осминафиналето, а Нејмар поради повреда го пропушти реваншот против Реал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овие денови повторно се поврзува со Реал Мадрид, а по тој повод уште еднаш одлучи да стави крај на шпекулациите.

„Останувам овде. Имам договор со ПСЖ и тука сум за нови предизвици и поголеми цели. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона.“ – изјави Нејмар.

Да потсетиме, пред неколку дена и Реал Мадрид се огласи со официјално соопштение во кое се наведува дека клубот не испратил понуда, ниту е заинтересиран да го донесе Нејмар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…