Во сабота се очекува да биде одржан состанок на претставниците на мадритскиот клуб со Белгиецот.
Повеќе нема дилеми, Реал сите карти ги фрла на Еден Азар. Нејмар е невозможна мисија (барем за ова лето), блиндиран е и Мбапе, па така Флорентино Перез ќе вложи максимален напор како најголемо засилување ова лето да го доведе Азар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал е спремен и сака брзо да ја заврши работата, посебно после вчерашната информација на каталонски „Спорт“ дека Барселона би можела да се вклучи во трката.
На почетокот реномираниот „Тајмс“ објави дека Челзи го цени Азар како Нејмар, па за него ќе бара сума од 200 милиони фунти, што е околу 222 милиони евра.
Италијанскиот експерт за трансфери, Џанлука Ди Марцио тврди дека понудата на Реал изнесува 125 милиони евра и дека нема да биде поголема. Како и дека истата нема врска со трансферот на Тибо Куртоа кој ќе биде купен за 35 милиони евра. Тоа значи би било пакeт од 160 милиони евра.
Француските медиуми пишуваат пак дека Челзи не го пушта Азар за помалку од 190 милиони евра, додека добро известениот белгиски „ХНЛ“ смета дека 150 милиони евра се доволни.
На кого да му веруваме?
Најпрво на Ди Марцио и Белгијците. Можеби таа порака на Реал дека не сакаат да одат над 125 милиони евра е само блег и можеби ќе се договорат за сума од 150 милиони евра. На крајот заедно со Куртоа би стигнале до бројка од 185 милиони евра.
Се појави и информација дека претставниците на Реал во сабота ќе се сретнат со тимот на Азар и неговиот татко. Понудата до играчот од Реал изнесува околу 15 милиони евра по сезона. Тоа е повеќе од она што сега го добива во Челзи, а помалку од понудата за нов договор со Челзи.
Со споменатата плата, Азар би бил на нивното на Герет Бејл кој после заминувањето на Роналдо е најплатен играч во тимот.