Играчот за врска на Јувентус, Миралем Пјаниќ ова лето одлучи да го промени својот агент. За неговата кариера сега се грижи Фали Рамадани, човек кој во изминататите години направи огромен број големи трансфери.
Следен голем трансфер на овој агент би можел да биде Миралем Пјаниќ. Играчот за врска на Јувентус се почесто се повзува со заминување од Торино.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио кој важи за експерт кога се трансферите во прашање, во живо во програма на „Скај Италија“ истакна дека Пјаниќ има три понуди.
Рамадани според информациите на Ди Марцио за трансфер на Пјаниќ го побарале три клуба. Тоа се Манчестер Сити, Челзи и Барселона.
Меѓутоа овие информации на Ди Марцио не се совпаѓаат со оние од Манчестер. Од Островот пристигнуваат вести дека Манчестер Сити нема да бара нов играч за врска откако не успеаа да го доведат Жоргињо од Наполи, но со Сити никогаш не се знае.
Исто така Рамадани е познат како менаџер кој знае на новинарите да им открие по некоја информација, па поради тоа во ваквите најави на Ди Марцио можеби има и вистина.
Пјаниќ во Јувентус пристигна во 2016 година од Рома, а се шпекулира дека „старата дама“ е спремна да се откаже од неговите услуги за сума од 80 милиони евра.