Еден Азар веќе долго се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, денес се појави вест и дека Барселона е спремна да се вклучи во трката за неговиот потпис.
Поради таквата ситуација во Челзи веќе размислуваат кој би можел да биде негова замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според пишувањето на „Спорт“, доколку Азар навистина го напушти „Стенфорд Бриџ“, „сините“ веќе знаат кој би можел да го пополни неговото отсуство.
Набил Фекир е првата желба, а како втора опција се споменува Мексиканецот кој настапува за ПСВ и блесна на Мундијалот, Ирвинг Лозано.
Како што е познато, Фекир беше пред трансфер во Ливерпул, но на крајот целата работа пропадна. Во текот на вчерашниот ден се појави вест дека сепак „црвените“ не се откажале, но нема ништо конкретно и јасно е дека работата далеку е од точката од првиот обид на Ливерпул.
Во Челзи наводно сметаат дека можат да се истакнат во прв план и да го обезбедат потписот на Фекир за сума од 62 милиони евра, додека за Лозано не се споменува сума со оглед дека тој е означен како „план Б“.
Како и да е, ова се само можни опции и останува да видиме дали навистина Азар ќе го реализира толку најавуваниот трансфер во Реал Мадрид.