Дома Трансфер зона ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Модриќ сакал во Интер, Челзи повторно стравува, ПСЖ го сака „заменикот“ на Нејмар

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Модриќ сакал во Интер, Челзи повторно стравува, ПСЖ го сака „заменикот“ на Нејмар

transferi

Влегуваме во завршницата од преодниот рок во Италија остануваат уште пет дена, додека во поголемиот дел од Европа трансфер позорот е отворен од крајот на август.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Официјално: Андре Силва е нов фудбалер на Севиља.

– Фудбалерот кој минатото лето ја напушти Серија А, Кеита Балде се враќа во Италија и тоа во редовите на Интер. Напаѓачот се очекува утре да пристигне на медицински прегледи во Милано. (ОВДЕ)

– Од Островот најавуваат дека Реал Мадрид е спремен да да се врати по потписот на Еден Азар и тоа со понуда за нов светски рекорд – 224 милиони евра. (ОВДЕ)

– Јувентус после одлично одработениот преоден рок состави навистина фантастичен тим, а колку моќно изгледа „стара дама“ доволно зборуваат имињата на играчите кои се очекува да бидат резерви. Погледнете како ќе изгледа вториот тим на Јувентус (ОВДЕ)

– Милан откако се ослободи од Никола Калиниќ (Атлетико Мадрид) и Андре Силва (Севиља), очекува и заминување на Карлос Бака во Спортинг Лисабон. Следен потег на „росонерите“ ќе биде продолжување на договорот со Патрик Кутроне. (ОВДЕ)

Кеисуке Хонда кој неодамна се пресели во австралискиот Мелбурн во исто време ќе биде и играч на овој клуб, но и селектор на селекцијата на Камбоџа (ОВДЕ

– Според некои извори, ПСЖ размислува во финишот од преодниот рок да го доведе Осман Дембеле од Барселона. Интересно е што токму Дембеле кога во прв момент беше доведе се најавуваше како наследник на Нејмар во Барселона, а сега би можел да му биде соиграч во Париз. (ОВДЕ)

– Манчестер Јунајтед подготвува нови договори за Хуан Мата и Андер Ерера, нивните актуелни имаат важност до следното лето, пишува „Дејли Стар“.

– Според информациите на „ЕСПН“ Валенсија постигнала договор за откуп од ПСЖ на Гонзало Гуедеш кој минатата сезона ја помина во шпанскиот клуб како позајмен фудбалер.

– Како и што се очекуваше, „Скај Спорт“ објави дела е постигнат договор помеѓу Милан и Челзи, па Бакајоко утре ќе пристигне на прегледи во Каса Милан. (ОВДЕ)

– Официјално: Слимани од Лестер ја комплетираше позајмицата во редовите на Фенербахче

Стивен Нзози наводно е пред трансфер во Рома, „Калчомеркато“ тврди дека постигнат е договор помеѓу фудбалерот и клубот.

Лучијано Спалети тврди дека Лука Модриќ сакал трансфер во Интер, но дека Реал Мадрид не му дозволил да се пресели во Милано (ОВДЕ)

– Реномираниот „Л’Eкип“ наведува дека Адриен Рабио одбил да го продолжи договорот со ПСЖ и сака да го напушти клубот.

– Постигнат договор: Кевин Гамеиро од Атлетико Мадрид се сели во Валенсија.

– Јувентус во финишот од преодниот рок би можел да се обиде да го доведе бекот на Беаерн Минхен,  Бернат.

– Тимот на Шалке потврди дека постигнале договор со ПСЖ за трансфер на Тим Кехер кој ќе се пресели во Париз за 37 милиони евра (ОВДЕ) 

 

 

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…