Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Веста на денот од Шпанија, Интер го сака Балде, Погба одлучи, трка за потписот на Несторовски

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Веста на денот од Шпанија, Интер го сака Балде, Погба одлучи, трка за потписот на Несторовски

Преодниот рок во Англија заврши, па сега останува да ги следиме возбудувањата во останатите првенства. Со Спортски бидете во тек со се што случува на трансфер пазарот!

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– ВЕСТА НА ДЕНОТ ја добивме уште утрото: Сите поголеми светски медиуми тврдат дека договор е постигнат – Модриќ останува во Реал Мадрид. (ОВДЕ)

– Официјално: Стефано Стураро од Јувентус се пресели на едногодишна позајмица во редовите на Спортинг Лисабон.

Пол Погба по се изгледа ќе ова лето останува во Манчестер Јунајтед

– Удинезе и Торино се во трка за потписот на македонскиот голгетер од редовите на Палермо, Илија Нестроовски. (ОВДЕ)

Енис Барди во Леванте наскоро би можел да добие нов договор со поглема плата, но и поголема откупна клазула (ОВДЕ)

– „Мундо Депортиво“ утрово пренесува информација која тешко ви се претворила во реалност. Наводно, Баерн Минхен во последните 20 дена од преодниот рок ќе направи обид да го ангажира Иван Ракитиќ од редовите на Барселона. (ОВДЕ)

– „Скај Спорт“ најавува дека договорот помеѓу Челзи и Милан за позајмица на Бакајоко е на повидок.

– Tимот на Шалке би можел да му ги расипе плановите на Милан околу Јулијан Дракслер. Поранешниот клуб на Германецот е спремен да го врати во своите редови.

– Младиот фудбалер на Милан, Мануел Локатели се очекува наскоро да го комплетира трансферот во редовите на Сасуоло.

– Борусија Дортмунд остварила први контакти со Јувентус за потенцијалниот трансфер на младиот напаѓач, Моис Кин.

– Официјално: Напаѓачот на Јувентус, Андреа Фавали кој имаше одлични припреми во САД е испратен на едногодишна позајмица во тимот на Џенова.

– Oткако стана јасно дека Лука Модриќ останува во Реал Мадрид, нова мета на „нероаѕурите“ е Рафиња Алкантара.

– Италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марцио пренесува дека трансферот на Кеита Балде од Монако во Интер, практично е завршена работа. „Нероаѕурите“ ова лето ќе платат 5 милиони евра, а наредното ќе имаат прилика ќе имаат можност во целост да го откупат неговиот договор за 34 милиони евра.

– Според информациите на „Газета“, Стивен Нзози ја известил Севиља дека сака трансфер во Рома.

 

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…