Дома Фудбал Вакво нешто досега не е видено: Кеисуке Хонде е играч на Мелбурн и селектор на азиска репрезентација!

Вакво нешто досега не е видено: Кеисуке Хонде е играч на Мелбурн и селектор на азиска репрезентација!

Невидена ситуација досега во фудбалот!

Кеисуке Хонда од денес е нов селектор на репрезентацијата на Камбоџа.

Да, добро прочитавте, Хонда иако е фудбалер на екипата на Мелбурн во Австралија ќе биде нов селектор на репрезентацијата која нема некој успех во фудбалот.

Јапонецот пред неколку дена потпиша договор со Мелбурн за наредната сезона во австралиската лига, а се претпоставува дека контактот со своите соработници во репрезентацијата на Камбоџа ќе го води преку видео повик.

Хонда неодамна после успешниот Мундијал со Јапонија се повлече од репрезентативнииот фудбал. За оваа репрезентација настапи на 98 натпревари и потига 37 погодоци и важи за еден од најдобрите играчи во историјата на оваа репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

51 исклучување во Бразил: По голот полетаа столови и медицински носилки!

Младинското полуфинале меѓу Уберландија и Маморе заврши со масовна тепачка, полициска инте…