Дома Трансфер зона Спалети тврди: Модриќ сакаше во Интер

Спалети тврди: Модриќ сакаше во Интер

spaletti

Сега кога веќе е ставен крај на сагата со Лука Модриќ, во медиумите одлучи отворено да зборува стратегот на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети.

Долго време италијанските медиуми најавуваа дека Модриќ инсистира на трансфер во Интер, но од вчера сите светски медиуми вклучувајќи ги и италијанските потврдија дека Модриќ останува во Мадрид каде што ќе добие нов подобар договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И тренерот на Интер, Лучијано Спалети тврди дека Модриќ сакал да се пресели во неговиот тим.

„Навистина не знам што ќе се случи, можам само да кажам дека сум среќен што фудбалер каков што е Модриќ кој ја освои Лигата на шампионите и играше во финалето на Светското првенство сакаше да дојде кај нас, за жал неговиот клуб не му дозволи. Тешко е да се најдат такви играчи, но како и да е, ние во новата сезона имаме квалитетен тим“, изјави Спалети.

Ќе потсетиме, Модриќ на последниот Мундијал ја освои наградата за играч на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…