Дома Топ вести Барса го доведе како заменик за Нејмар, а сега ПСЖ може да ги направи – соиграчи?

Барса го доведе како заменик за Нејмар, а сега ПСЖ може да ги направи – соиграчи?

al kelaifi

Секако по препорака од Томас Тухел.

Пари Сен Жермен ова лето беше нешто посмирен и не доведе ниту едно скапо засилување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пристигна Џанлуиџи Буфон без оштета и откупен е Килијан Мбапе, но ако судиме според реномираниот „Мундо Депортиво“, најскапото го чуваат за крај.

Споменатиот шпански медиуми, тврди дека на мета на ПСЖ е фудбалерот кој не се снајде во Барселона Осман Дембеле.
Дембеле во последниот ден од англискиот преоден рок (9-ти август) се поврзуваше со трансфер во Арсенал, но на крајот Барселона и Арсенал не постигнаа договор.

Но, ПСЖ би можела да биде подобра опција со оглед на тоа што во ПСЖ би соработувал со Томас Тухел.

Токму Тухел е главниот иницијатор за овој трансфер, Германецот со Дембеле соработуваше во Дортмунд кога фудбалерот го играше најдобриот фудбал во кариерата. Тогаш направи трансфер од 100 милиони евра во Барселона каде што пристигна како заменик за Нејмар, но не ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…