Дома Топ вести Трансфери во живо: Видал се договори со Интер, Мбапе бара трансфер, Венгер не го пушта Санчез

Трансфери во живо: Видал се договори со Интер, Мбапе бара трансфер, Венгер не го пушта Санчез

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Трансферот на Нејмар нормално и денес е главна тема во сите спортски медуми во светот. Бразилецот ги помина лекарските прегледи и во наредните денови официјално ќе биде промовиран како нов фудбалери на ПСЖ (ОВДЕ).


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


– Јувентус тргнува по играчот за врска на Барселона, Андре Гомеш. Италијанските медиуми пренесуваат дека Каталонците веќе ја одредиле цената за Португалецот (ОВДЕ).

– Милан и агентот Жорге Мендеш го убедуваат Диего Коста да ја прифати понудата на „росонерите“ и да се пресели на Сан Сиро. Играчот сака да се пресели во Атлетико Мадрид, но поради блокадата на трансферите не сака да чека до јануари. Челзи исто така преферира да го продаде во Милан, па ситуацијата ќе биде јасна наредните денови.

-Италијанските медиуми тврдат дека Артуро Видал се договорил со Интер за годишна плата од 7,5 милиони евра и сака да се пресели во Милано. „Нероаѕурите“ наскоро ќе исптратат понуда од 50 милиони евра, а смаиот фудбалер ќе инсистира Баварците да му дозволат да замине.

– Еминентниот „Екип“ пренесува дека ѕвездата на Монако, Килијан Мбапе побарал од раководството да му биде дозволен трансфер ова лето (ОВДЕ).

– Барселона не се откажува од наремара да го донесе Филипе Кутињо, во кого гледа идеална замена за Нејмар. Шпанските медиуми тврдат дека Каталонците се спремни да ја платат сумата која ја бараат „црвените“ (ОВДЕ).

– Официјално: Бешикташ го претстави новото засилување, Алваро Негредо. Напаѓачот доаѓа од Валенсија за трансфер вреден 2,5 милиони евра.

– Поради потешкотиите да дојде до потписот на Ријад Марез, Рома сега се сврте кон други фудбалери. Медиумите тврдат дека „волчицата“ сега се насочува кон Хуан Мата и наскоро ќе испрати официјална понуда до Манчестер Јунајтед.

-Интер го договори четвртото засилување ова лето. Станува збор за левиот бек на Ница, Далберт (ОВДЕ)

– Јувентус се обидува да ја убеди Аталанта да му го препушти талентираниот Леонардо Спинацола една година пред истекот на позајмицата и за тоа на клубот од Бергамо му го понудиле Томас Ринкон.

– Проблеми околу трансферот на Нејмар. Шпанските медиуми пренесуваат дека Ла Лига ги одбила парите (222 милиони) кои ПСЖ ги уплатил за активирање на клаузулата на Бразилецот (ОВДЕ)

Јирген Клоп планира да донесе уште три нови засилувања до крајот на преодниот рок (ОВДЕ).

– Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да ја активира откупната клаузула на дефанзивецот на Реал Сосиедад, Ињиго Мартинез (ОВДЕ).

– Јувентус е заинтересиран за Андре Гомеш и наскоро ќе започне преговори со Барселона. Медиумите тврдат дека Каталонците веќе ја одредиле цената на Португалецот (ОВДЕ).

– Челзи дефинитивно се откажа од Ренато Санчез и сега главна мета на „сините“ за засилување на средниот ред е Дени Дриквотер од Лестер.

– Арсен Венгер уште еднаш категорично потврди дека Алексис Санчез ова лето нема да биде продаден и ќе остане во Арсенал.

– Валенсија е сериозно заинтересирана за играчот за врска на ПСЖ, Грегори Криховјак и е спремна да понуди 20 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми.

– Официјално: Марио Пашалиќ е нов фудбалер на Спартак Москва. 22-годишниот Хрват стигна на едногодишна позајмица од Челзи.

Холгер Батштубер ја прифати понудата на Штутгард и утре ќе пристигне на медицински прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Дортмунд

Неколку клубови од Премиер лигата покажуваат силен интерес за ѕвезата на Борусија Дортмунд…