Барселона покрај замена за Нејмар, до крајот на преодниот рок сака да донесе уште еден дефанзивец, по барање на тренерот Ернесто Валверде.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми пренесуваат дека најголема желба на Валверде е стоперот на Реал Сосиедад, Ињиго Мартинез кој во овој преоден рок се поврзуваше и со трансфер во Манчестер Сити.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона е спремна да му ја исполни желбата на тренерот и да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со Сосиедад, која изнесува 32 милиони евра.
26-годишниот Мартинез важи за еден од најдобрите дефанзивци во шпанската лига и сигурно би бил одлично засилување за Каталонците, а тренерот Валверде го гледа како идеален партнер на Жерар Пике.