Дома Трансфер зона Интер го договори четвртото засилување и спрема „бомба“

Интер го договори четвртото засилување и спрема „бомба“

Работата е завршена за 20 милиони, но навивачите го чекаат лидерот!

Како што и најавивме, бекот на Ница пристигнува во Интер. Бразилецот Далбер е нов фудбалер на „сино-црните“, ќе биде платен 20 милиони евра плус бонуси, а тој утре би требало да пристигне на медицински прегледи и да го потпише договорот со клубот од „Џузепе Меаца“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Овој трансфер е договорен пред неколку дена, но се чека реваншот на Ница против Ајакс во Лигата на Шампионите. Енрике Далбер кој е решение за позицијата лев бек претгодно играше во Португалија, а е четвртото засилување на Интер по Шкриниар, Весин и Борха Валеро.

Но, навивачите и понатаму ја чекаат бомбата, „Санинг“ не се откажува од Артуро Видал, имено Чилеанецот е загреан да се врати во Италија, сумата која ја нуди Интер е 50 милиони евра, Баерн одбива да го пушти, но постојат знаци дека на крајот сепак ќе се одлучи да земе големи пари за фудбалерот кој влезе во четвртата деценија.

Видал во Италија би станал најплатен играч на Серија А со 7.5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…