Дома Луд Спорт Трансферите и социјалните мрежи: Погледнете како малиот клуб од Лутон стана светски хит

Трансферите и социјалните мрежи: Погледнете како малиот клуб од Лутон стана светски хит

Малиот Јеовил, клуб од Лутон, кој се бори за опстанок во четвртата англиска лига, преку социјалните мрежи делува како клупските великани и создава нови трендови.

Преку новата опција за мапирање на Snapchat тие го објавија трансферот на 21-годишниот Џејк Греј. Корисниците со зумирање можат да го видат Греј на теренот од малиот клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските и германските клубови, дури и оние од пониските рангови, технолошки и социјално се проактивни и иницираат трендови во комуникацијата на социјалните мрежи.

Арсенал преку Твитер и видео бараше од фановите да сложат анаграм со имињата од играчите кои ги доведе Венгер со кои го објавија трансферот на босанско-херцеговскиот репрезентативец Сеад Колашинац од Шалке.

Најголемиот трансфер на светот, Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра во 2016 година, Англичаните, исто така, го „билдаа“ и контактираа преку социјалните мрежи.

Ливерпул Мохамед Салах го „доведе“ преку Твитер видео на кое Египќанецот „скрола“ низ желбите од навивачите и на крајот се открива во кадарот.

Социјалните мрежи одлично ги искористија и навивачите на Борусија Дортмунд после терористичкиот напад, кога преку Твитер иницираа акција за наоѓање сместување за навивачите на Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

„Бомба“: Серхио Рамос во Премиер лигата

Легендарниот дефанзивец Серхио Рамос би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. …