Српскиот тренер Дејан Милојевиќ почина денеска на 46-годишна возраст како последица на срцев удар.
Младиот стратег, кој беше дел од стручниот штаб на НБА-тимот Голден Стејт вчера доживеал срцев удар додека бил на вечера во ресторан во Солт Лејк Сити. Веднаш бил хоспитализиран во болница, но неговото срце не издржало.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Првично беше пренесено дека неговата ситуација е стабилна, но за жал вечерва стигна најлошата вест, а тоа е дека Милојевиќ починал. Поради оваа трагедија, одложен е дуелот меѓу Јута и Голден Стејт кој требаше да се игра ноќеска.
Милојевиќ во својата кошаркарска кариера играше за Беовук, ФМП, Будуќност, во два наврати за Партизан, а беше дел и од Валенсија и Галатасарај.
Тренерската кариера ја започна Мега Баскет, каде седеше на клупата цели осум години од 2012 до 2020. Потоа кратко беше во Будуќност, а од 2021 беше дел од стручниот тим на Голден Стејт вориорс во НБА-лигата како еден од помошниците на тренерот Стив Кер.