Дома Фудбал Трагедија: Почина деветгодишната ќерка на Луис Енрике

Трагедија: Почина деветгодишната ќерка на Луис Енрике

Шпанскиот стручњак Луис Енрике пред неколку месеци ја шокираше фудбалската јавност со одлуката да ја напушти селекторската позиција во репрезентацијата на Шпанија.

Енрике ја превзема клупата на Црвената фурија претходното лето после СП во Русија, но тимот го водеше само на неколку натпревари. Во квалификациите за ЕП го заменуваше помошникот Роберто Морено, а пред три месеци Енрике официјално поднесе оставка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многумина знаеа дека Енрике има некои приватни проблеми, но поранешниот тренер на Барса не сакаше јавно да зборува за тоа и до денеска беше голема мистерија за сите.

Сепак, тој вечерва се огласи со тажна порака. Енрике во соопштение потврди дека му починала деветгодишната ќерка Шана после тешко боледување.

Енрике објасни дека претходните пет месеци биле тешки за неговата ќерка и семејството бидејќи Шана боледувала од рак на коската. За жал, борбата во болницата и лекувањето не помогнале и ќерката на Енрике ја загубила битката со оваа тешка болест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…