Дома Фудбал Трагедија: Поранешен италијански фудбалер (43) бил пронајден мртов во хотел по забава со пријателите

Трагедија: Поранешен италијански фудбалер (43) бил пронајден мртов во хотел по забава со пријателите

Поранешниот италијански фудбалер Андреа Капоне (43) бил пронајден мртов во хотел откако се забавувал со пријателите.

Од полицијата засега информираат дека смртта била ненадејна, а се сомневаат и за повреда на вратот поради пад.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Газета дело Спорт пишува дека Капоне бил на вечера и забава со пријателите, а следното утро бил пронајден мртов.

Капоне е поранешен играч од средниот ред кој поголемиот дел од кариерата го помина во Каљари.

Кариерата ја започна во 1998 година, а ја заврши во 2010. Играше и за Сора, Тревизо, Виченца, Гросето и Салернита, кој беше неговиот последен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…