Дома Фудбал Италија Тој што го сака Халанд ќе треба да плати астрономска провизија на Раиола

Тој што го сака Халанд ќе треба да плати астрономска провизија на Раиола

Норвешката гол-машина на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Халанд е голема желба на многу клубови, а на лето во неговиот договор ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, клубот што ќе го купи Халанд ќе мора да издвои и голема сума како провизија за неговиот агент Мино Раиола. „Скај Спорт“ тврди дека контроверзниот холандски менаџер бара дури 40 милиони евра за неговите посреднички улоги во трансферот на Ерлинг Халанд.

Притоа, провизија од 20 милиони евра бара и таткото на Халанд, кој е дел од менаџерскиот тим. Останува да видиме кој клуб е спремен да му плати толкава сума на Раиола за да го добие потписот на напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Руни има порака до Грилиш:Закажи си летување бидејќи на СП сигурно нема да одиш!

Поранешниот фудбалер на англиската репрезентација и легенда на Манчестер Јунајтед, Вејн Ру…