Легендата на италијанскит фудбал, Франческо Тоти целата своја кариера ја помина во Рома, а сега откри за кој клуб сонувал да заигра.
„Милан тогаш беше највозбудливиот тим што го имам видено, можеби единствениот за кој фантазирав дека играм. Секогаш беше моја одлуката каде ќе ја продолжам кариерата, а не на моите родители. Иако бев многу мал знаев дека пред мене има многу време и иднина во клубот во кој што играм“, изјави Тоти, кој тврди дека денешиот фудбалер е многу поразличен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Почнав да играм фудбал во поинакви времиња. Тоа беше поинаков фудбал во однос на сегашниот, тогаш имаше „љубов“ во фудбалот, приврзаност кон навивачите. Беше многу полесно да се игра за клубот кој го сакате, за кој навивате. Не е мала работа да играте 25 години во еден клуб, да се биде капитен… Не може да се споредува сегашното со минатото време. Денеска се е бизнис, одите таму каде што ќе заработите највеќе“, вели Тоти.