Дома Фудбал Англија Тотенхем прегазен во Манчестер, Гвардиола со лекција за Мурињо!

Тотенхем прегазен во Манчестер, Гвардиола со лекција за Мурињо!

Манчестер Сити продолжува со одличните натпревари во Премиер лигата.

Денес избраниците на Пеп Гвардиола го добија дербито со Тотенхем со убедливи 3:0. Како и што покажува резултатот Сити апсолутно заслужено дојде до трите бода.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Родри ги доведе „граѓаните“ во водство во 23. минута со гол од пенал. Тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Во вториот два гола постигна Илкај Гундоган, прво во 50. минута, па потоа 16 минути подоцна. Треба да се спомене дека при вториот гол на Гундоган асистент беше голманот Едерсон.

Со оваа победа Манчестер Сити дојде на 53 бода (23 одиграни натпревари), Лестер е втор со 46 (24 натпревари), а Јунајтед е трет со 45 (23 одиграни натпревари). Ливерпул кој денес беше поразен од Лестер е во опасност да ја изгуби четвртата позиција, тоа ќе се случи ако Челзи во понеделник слави против Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фернандеш: Ги изневерив соиграчите…

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека ги разочарал своите соиграчи …