Еден од играчите кој зад себе има одлична сезона е фудбалерот на Лион, Тангуј Ндомбеле, кој со своите игри го привлече интересот на многу клубови.
Сепак, изгледа дека неговата иднина се знае, бидејќи неговиот трансфер во англиската лига е во самата завршница. Тој би требало да ја засили екипата на Тотенхем, кој за неговите услуги ќе мора да плати 62 милиони евра на Лион веднаш и дополнителни 10 милиони евра со различни бонуси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Даниел Леви, инаку познат по тоа што не сака да троши многу пари и затоа Тотенхем е долго без засилувања, изјави дека Ндомбеле е тип на играч кој го бара. Трансферот на Ндомбеле ќе биде најголемиот излезен трансфер од Франција, со што ќе биде срушен трансферот на Лаказет во Арсенал, кој беше платен 53 милиони евра.
Освен тоа, Тотенхем ќе го сруши клупскиот рекорд за влезен трансфер кој е поставен кога Санчез од Ајакс пристигна за 40 милиони евра.