Жозе Мурињо и Тотенхем во среда пристигнуваат во Скопје за дуелот против Шкендија во квалификациите од Лигата на Европа, кој се игра во четврток.
Премиерлигашот максимално ќе се заштити од пандемијата со Ковид 19, па буквално во Македонија ќе биде како во „карантин“.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Имено, „спарси“ одлучија во Скопје воопшто да не излегуваат од хотел, и нема да имаат ниту тренинг, ниту пресконференција.
Во среда попладне ќе го одработат тренингот во својот камп во Лондон, таму Мурињо ќе има и прес, а потоа со авион летаат за Скопје каде ќе пристигнат во вечерните часови во Македонија.
Веднаш по завршувањето на дуелот, в четврток вечерта Тотенхем ќе се врати во Лондон.