Дома Фудбал Тотенхем беше блиску до елиминација, но се спаси со два гола во последните минути

Тотенхем беше блиску до елиминација, но се спаси со два гола во последните минути

Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Ковентри Сити со 2:1 во возбудлив натпревар од англискиот Лига куп.

Брендон Томас-Асанте постигна гол за англискиот второлигаш во 63. минута за голема радост на публиката во Ковентри Билдинг Арена.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Но, второлигашот не издржа, попушти во последните минути од натпреварот.

Најпрвин Џед Спенс на асистенција на Кулушевски израмни за Спарси на две минути пред крајот, а конечни 2:1 и пласман во осминафиналето обезбеди Џонсон во 92. минута по асистенција на Бентанкур.

Во вториот натпревар Брајтон триумфираше на домашен терен против Вулвс со 3:2 и се пласираше меѓу најдобрите 16 екипи на натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарна грешка на дресовите за Светското првенство: „Најк“ го призна пропустот – бил направен поради вештачка интелигенција!

Компанијата „Најк“ јавно призна бизарна производствена грешка на новите дресови наменети з…