Синиша Михајловиќ набрзо би можел да заработи отказ на клупата на Торино.
Со поразот од Фиорентина од 3:0 е продолжена серијата од лоши резултати на популатните „Бикови“ кои веќе пет натпревари не знаат за победа во домашното првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лошите изданија би можеле скапо да го чинат Синиша Михајловиќ. Српскиот стратег денес разговараше со раководството на клубот и како што се наведува добил последно предупредување пред отказ.
Италијанските медиуми тврдат дека секој следен пораз на Михајловиќ би можел да чини, а веќе сега е составена листата кандидати за клупата на Торино.
Валтер Мацари е првата опција за нов тренер, а се споменува Соуза и Косми.
Торино во текот на викендот игра против Каљари, а овој тим е моментално на 12. позиција во Серија А со 13 бодови.