Еве што денеска не очекува на трансфер пазарот.
И денеска ви ја донесуваме листата од ТОП 10 потенцијални трансфери според веб-страницата „Football Whispers“. Најверојатниот потенцијален трансфер денеска е оној на Леон Горецка од Шалке во Баерн. Германскиот репрезентативец веќе со денови се поврзува со германскиот шампион, но никако да се пресели. Можеби денеска…
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
На второто место е Лукас Моура од ПСЖ кој би требало да стане нов играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Кент од Ливерпул е на чекор до Бристол, а Диафра Сако од Вест Хем би можело да се пресели во Кристал Палас. Арда Туран по Галатасарај се поврзува со Башакшехир, а Даниел Стариџ би можел од Ливерпул да се пресели во Саутемптон.
ТОП 10 трансфери кои денеска би требало да се случат:
1. Леон Горецка (Шалке – Баерн Минхен)
2. Лукас Моура (ПСЖ – Манчестер Јунајтед)
3. Рајан Кент (Ливерпул – Бристол Сити)
4. Диафра Сако (Вест Хем – Кристал Палас)
5. Арда Туран (Барселона – Башакшехир)
6. Даниел Стариџ (Ливерпул – Саутемптон)
7. Стефан Лихтштајнер (Јувентус – Лацио)
8. Хесе (Стоук – Лас Палмас)
9. Рафиња (Барселона – Интер)
10. Инаки Вилијамс (Атлетик Билбао – Борусија Дортмунд)