Веќе кон крајот на изминатата сезона почна да се шпекулира за можните заминувања на клучните играчи од „Емирати“. Навивачите на Арсенал и натаму ги интересира што ќе се случи со најголемите ѕвезди на тимот, Месјут Озил и Алексис Санчез, бидејќи тие двајца се уште не ги продолжија договорите со „Топчиите“.
Во Островските медиуми неодамна се појавија информации дека Озил би можел да замине од Арсенал веќе во јануари, а германскиот репрезентативец се поврзува со многу клубови, од Шалке и Вердер, до Интер и Фенербахче.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, сега новинарот Кик Марин, истакна дека Озил преговара со Манчестер Јунајтед, па дека веќе сега е блиску до постигнување на договор со „Црвените ѓаволи“.
Според наводите од британски „Мирор“, Жозе Мурињо е заинтересиран за доведување на Озил на „Олд Трафорд“. За потсетување, Озил најдобрите партии ги понуди во Реал Мадрид, токму под тренерската палка на Жозе Мурињо, а „Специјалниот“ смета дека повторно би можел да го извлече најдоброто од германскиот играч за врска.