Дома Македонски спорт Мак ракомет Томовски: Разликата не е реална, Словенија ги казни грешките

Томовски: Разликата не е реална, Словенија ги казни грешките

Македонија со висок пораз од Словенија (31:21) ја отвори втората фаза од Мундијалот во Египет.

Голманот Мартин Томовски истакна разликата е превисока и дека Словенија премногу лесно ги казнила нашите грешки.

„Словенија беше подобар противник, добро тргнавме во првото полувреме, но во второто полувреме направивме многу технички грешки, противникот не казнуваше, и како што кажа селекторот, разликата е голема и нереално превисока, ќе дадеме се на следните натпревари и ќе се обидеме да ги изненадиме Русија и Белорусија“, изјави Томовски.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Металург со реми се прости од Лига Европа

Металург со реми против Адема Леон (27:27) ги заврши настапите во Лигата на Европа. Македо…