Дома Фудбал Италија Тоа е Ибра: Само што се врати од повреда испиша историја!

Тоа е Ибра: Само што се врати од повреда испиша историја!

Италијанскиот шампион Милан славеше со 2-0 против Аталанта и освои важни три бодови во битката за топ-4, а на натпреварот се врати шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ влезе во игра во 74. минута на местото на Оливие Жиру и притоа урна рекорд. Тој стана највозрасен фудбалер на Милан во Серија А, откако за победа се доделуваат три бодови.

На Ибрахимовиќ тоа му успеа на 41 година и 146 дена, а претходниот рекорд го држеше Алесандро Костакурта со 41 година и 25 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…