Дома Тикет на денот Тикет на денот (четврток, 11.05.2023)

Тикет на денот (четврток, 11.05.2023)

tiket na denot

Во центарот на внимание ќе бидат ½ финалните дуели во Лига Европа и конференциската лига, а покрај тоа ќе бидат и натпревари уште во некои лиги. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Јувентус – Севиља – ГГ @ 2.08 во Mozzart

Старата дама после враќањето на одземените бодови се врати во игра за пласман во ЛШ, а после победата во Бергамо, во неделата одлично котира. Јувентус имаше доста успеси и неуспеси во домашното првенство бидејќи беа поразени од тимови од кои не смееа, а веќе за следната сезона е најавена комплетна реконструкција на тимот. Севиља е екипа која одлично се снајдува во ова натпреварување и шест пати играа во финале и исто толку пати освоија трофеј. Андалужаните во минатото коло се одмараа бидејќи се играше финале на Купот на кралот, а првенството беше паузирано. Овде двете екипи се со големи амбиции, па очекуваме најмалку по еден погодок на двете страни. Коефициентот за ГГ во Mozzart изнесува 2.08.

Фиорентина – Базел – 1Х&ГГ @ 2.21 во 22Bet


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Кој можеше да претпостави дека Базел ќе се најде во ½ финалето од некој европски куп и тоа во период кога трофејот во домашното првенство им е мисловна именка. Цели шест години тимот од Ст. Јакоб не знае за титула, а одвај стигна и до еден куп. Меѓутоа изненадување е тоа што пет италијански тимови се во ½ финалината од три европски купови. Фиорентина во претходната рунда го елиминираше тимот од Полска, Лех и тоа со резултат 4-1. Базел беше поуспешен во продолжениата, а во домашното првенство двата тима запишаа неуспех. Базел изгуби на домашен терен од Цирих кој сега се бори за опстанок. Овде веруваме дека домаќините ќе останат непоразени, а притоа ќе се постигне најмалку по еден погодок. Коефициентот за 1X&ГГ во 22Bet изнесува 2.21.

Вест Хем – Аз Алкмар – 0-2 @ 1.91 во Bet365

После три врзани порази во Премиер лигата, Вест Хем го победи Манчестер Јунајтед и на тој начин ги реши скоро сите грижи околу опстанокот. Во вистински момент стигна таа победа пред ½ финалето од конференциската лига, која може да им донесе настап во Европа и наредната сезона. Минатиот викенд, тимот на Аз изигра без голови против Ајакс и сочува танка надеж за да може и до второто место и пласман во квалификациите за ЛШ. Овде ние не очекуваме кој знае каков натпревар, туку предвидуваме дуел со мал број погодоци. Наш предлог е 0-2 гола со квота 1.91 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.78

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (вторник, 07.01.2025)

Денес православните слават Божик, па поради тоа некаде во Европа имаме и пауза од натпрева…