Дома Македонски спорт Мак фудбал Тиквеш не издржа, Брегалница со пресврт до победа во Кавадарци 🎥

Тиквеш не издржа, Брегалница со пресврт до победа во Кавадарци 🎥

Денес со натпреварот помеѓу Тиквеш и Брегалница беше отворено 18. коло во македонската прва лига.

Во Кавадарци денес гледавме еден добар меч, со шанси, пресврт и три гола. Домаќинот на голема радост на „Лозарите“ дојде во водство во 16. минута преку Каракамишев. Само минута подоцна Стојанов пропушти одлична прилика и шутираше покрај голот на Димовски.

Најголемата шанса Брегалница да дојде до изедначување штипскиот тим ја имаше пред крајот на првото полувреме. После еден блок на Каракмишев во шеснаесетникот главниот судија на мечот покажа на белата точка. Сепак Димовоски не дозволи изедначување и го одбрани пеналот на Стојанов.

Во второто полувреме следуваше пад во играта на Тиквеш, Брегалница тоа го искористи и постигна два гола за целосен пресврт. Прво Манев изедначи во 56. минута, а потоа Ѓокиќ на 20 минути до крајот стрелаше за 1:2. Барга во последните десетина минути ја пропушти најдобрата прилика за Тиквеш во вториот дел за изедначување. Конечните 3:1 ги постави Алтипармаковски во самиот финиш.

Брегалница со овој триумф се искачува на четвртата позиција со 29 бода, пред Ренова која има 27 и зад Шкендија која е на 31. Ренова и Шкендија своите натпревари од ова коло ги играат утре. Тиквеш останува десетти со 15 бода, три помалку има Борец, пет повеќе Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шишковски: Македонската јавност верува во нас затоа што ние докажавме дека можеме!

Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни),…