Дома Фудбал Англија „Тивкиот херој“ на Манчестер Јунајтед седнува на клупата на славиот англиски клуб?

„Тивкиот херој“ на Манчестер Јунајтед седнува на клупата на славиот англиски клуб?

Мидлсброу пред два дена го отпушти Крис Вајлдер поради лоши резултати.

Поранешниот тренер на Шефилд во 11 кола оствари само две победи, Боро тогаш беше на позицијата 22, па разделбата беше очекувана.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Клубот привремено го предводи Перковиќ, грчкиот стратег во претходното коло славеше против Бирмингем, но ставот на лидерот е дека им треба поразумно решение.

„Би-би-си“ пренесува дека сопствениците на Мидлсброу оствариле контакт со Мајкл Керик.

Керик 12 години го носеше дресот на Јунајтед пред да се повлече од „Олд Трафорд“. Тој беше десна рака на Солскјер, дури како привремено решение го наследи Норвежанецот на клупата на Јунајтед. Ги предводеше „црвените ѓаволи“ во три натпревари, со две победи и едно реми.

Набрзо потоа го напушти „Олд Трафорд“, ќе видиме дали понудата од Чемпионшип е токму она што го бараше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги обедини Меси, Нејмар и Суарез

Интер Мајами, клуб од МЛС лига кој е во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да с…