Дома Фудбал Англија „Тешко им е на сите кои го сакаат Јунајтед, а најтешко е на играчите“

„Тешко им е на сите кои го сакаат Јунајтед, а најтешко е на играчите“

Манчестер Јунајтед вчера повторно ги разочара своите навивачи. Црвените ѓаволи во големото дерби беа поразени од Ливерпул со 3:1.

Манчестер Јунајтед повторно делуваше безидејно. Навивачите не го кријат разочарувањето, а Немања Матиќ вели дека ситуацијата е тешка.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Тешка е за сите кои го сакаат Манчестер Јунајтед. На играчите е најтешко. Мораме да играме подобро.“ – рече Матиќ за Скај Спорт.

Го прокоментира и поразот од Ливерпул.

„Очекувавме повеќе. Мислам дека во првото полувреме направивме неколку шанси, а после вториот погодок ни беше тешко да се вратиме. Тие после погодокот имаа повеќе самодоверба. Второто полувреме за нас не беше добро.“

Јунајтед моментално се наоѓа на шестата позиција на табелата со 26 освоени бодови, со дури 19 помалку од лидерот Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ништо од Барселона: Рашфорд пред трансфер во друг гигант!

Новите извештаи откриваат интересни новости поврзани со можниот трансфер на Маркус Рашфорд…