Дома Фудбал Останато Тешки обвинувања на сметка на Перез: Бараше од УЕФА да го добие Ајакс!

Тешки обвинувања на сметка на Перез: Бараше од УЕФА да го добие Ајакс!

Шампионот на Европа во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Ајакс.

Реал е апсолутен фаворит во овој двомеч и елиминација од холандскиот претставник би била еднаква на катастрофа за „кралевите“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сега неколку дена после ждребот новинарот на „ЕСПН“, Жорге Рамос изнесува тешки обвинувања на сметка на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Овој новинар во текот на ТВ пренос изјави дека добил порака од блиски соработници на Перез дека пет дена пред ждребот сопственикот на „кралевите“ започнал да врши притисок на

УЕФА за Реал да го добие Ајакс. На крајот тоа и се случи. Сепак, треба да се каже дека новинарот не приложи докази за својата теорија, па треба да се земе со доза на резерва.

Како и да е сега се чека реакцијата на Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшна трагедија: Двајца натпреварувачи починаа на ист маратон

Двајца тркачи го загубија животот за време на денешниот полумаратон во казахстанскиот град…