2020 година ќе биде запаметена како исклучително тешка за македонската кошарка, денес стигна нова тажна вест, почина Марјан Лазовски, еден од најголемите кошаркарски работници во нашата држава.
Лазовски во целата кариера водеше клубови во Македонија, а еден период беше и селектор. Беше на чело и на машката и на женската А селекција. Голем успех оствари и со младинците со кои играше во А дивизијата на ЕП.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој почина утрово на 58 годишна возраст после битката со коронавирусот. Кошаркарската јавност ќе го памети како човек кој секогаш беше подготвен да помогне без разлика дали се работи за клуб или репрезентација.
Во кариерата беше тренер на Работнички, МЗТ Скопје, Вардар, Торус.