Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е кандидат за функцијата нов менаџер на Манчестер Јунајтед.
Одлуката е на раководството на тимот од „Олд Трафорд“ и на новиот косопственик Џим Ретклиф, кои мора да одлучат дали Ерик тен Хаг ќе остане на клупата и во следната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се поголеми се шансите Тен Хаг да добие отказ, а во тој случај Терзиќ ќе биде еден од главните кандидати.
Тој оваа сезона со Борусија Дортмунд стигна до финалето во Лигата на шампиони, па „црвените ѓаволи“ веруваат дека ќе биде одлично решение за клупата.