Дома Трансфер зона Тен Хаг јавно го фали Мегваер, но веќе му кажал да си бара нов клуб?!

Тен Хаг јавно го фали Мегваер, но веќе му кажал да си бара нов клуб?!

Манчестер јунајтед во следниот период ќе се обиде да ги поправи своите грешки од минатото и да ангажира нови засилувања, но и да ги избрка непотребните фудбалери, а еден од нив е Хари Мегваер.

„Гардијан“ објави дека тренерот Ерик Тен Хаг имал состанок со Мегваер и му кажал дека може да замине следното лето од екипата затоа што не е среќен од неговите настапи и повеќе им верува на Варан и Мартинез.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Мегваер ја има капитенската лента, но има и мала минутажа, па „ѓаволите“ ќе се обидат да спасат дел од парите кои ги вложија во неговиот трансфер, односно 87 милиони евра.

Тен Хаг му се заблагодарил за досегашниот професионален однос на Мегваер и следното лето ќе се обиде да најде соодветна замена во одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…