Манчестер јунајтед врза четири победи во англиската Премиерлига по лошиот старт на сезоната, откако денеска славеше против Арсенал со 3-1.




Тренерот на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг е среќен што неговиот тим игра како што очекува и конечно почна да победува, па ги пофали новите засилувања.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Арсенал играше добро, но нашата одбрана беше на висина на задачата. Игравме навистина добро. Сите можевме да видиме што ни донесе Антони.




Ме радува тоа што сите се браниме и ова е доказ дека тимот е на добар пат. Ова е само почеток, доаѓаат подобри денови за навивачите“, кажа Тен Хаг.




„Ѓаволите“ по шест меча имаат 12 бодови и се наоѓаат на петто место, односно има три бода помалку од Арсенал.