Дома Фудбал Англија Тен Хаг потпиша нов договор: Имаме голем напредок!

Тен Хаг потпиша нов договор: Имаме голем напредок!

Манчестер Јунајтед денеска потврди дека Ерик тен Хаг потпишал нов договор!

На ваков потег во клубот од „Олд Трафорд“ се одлучија откако не успеаа да се договорат со неколку стратези. Договорот кој го потпиша Тен Хаг има важност до јуни 2026 година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Многу сум благодарен што постигнавме договор и што ќе продолжам да работам во клубот. Кога ќе ги погледнам изминатите две години, можеме да се гордееме со двата освоени трофеи, но и неколку други примери кои го покажуваат нашиот напредок, но, треба да бидеме искрени и да признаеме дека имаме уште многу да направиме за да ги исполниме очекувањата на Манчестер Јунајтед, што значи да се бориме за трофеи во Англија и Европа“, изјави Тен Хаг.

Холанѓанецот досега со Јунајтед ги освои Лига купот и ФА Купот, со што Јунајтед следната сезона ќе се натпреварува во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим го коментира тимот на Јунајтед и особено истакна три имиња: Тие се пресудни

Рубен Аморим откри колку го почитува Матеус Куња, нарекувајќи го „маверик“ – играч к…