Eден од најискусните англиски тренери 73-годишниот Нил Ворнок ја прокоментира ситуацијата околу Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед.
Португалецот не се појави на почетокот на припремите, а од клубот порачаа дека Роналдо отсуството го оправдал само со „лични причини“. Во меѓувреме медиумите на големо пишуваат дека Роналдо донел одлука да го напушти Манчестер Јунајтед затоа што сака следната сезона да игра во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нил Ворнок кој во текот на кариерата водеше повеќе од 15 клубови меѓу кои се Шефилд, Кристал Палас, КПР, Лидс, Кардиф и Миделсброу смета дека новиот стратег на Јунајтед, Ерик Тен Хаг нема премногу да жали за неговото заминување.
„Иако нема тоа јавно да го признае, мислам дека нема да му пречи премногу ако Роналдо си замине. Одличен играч е , но Манчестер Јунајтед треба да го поддржи Тен Хаг со играчите кои сака да изград сопствен тим и да го вради заедништвото во соблекувалната“, порача Ворнок преку својот Твитер профил.
Роналдо во август минатата година неочекувано се врати во Манчестер Јунајтед и на 38 натпревари постигна 24 гола и подели три асистенции. Беше прв стрелец на тимот, но „црвените ѓаволи“ сезоната ја завршија без трофеј.
Whilst the manager won’t admit it publicly, I don’t think he’s going to mind too much if Ronaldo leaves the club.
— Neil Warnock (@warnockofficial) July 4, 2022
Great player but #ManUtd need to support Ten Hag with the players he wants, let him build his own team and get that spirit and togetherness back in the dressing room. pic.twitter.com/jXEn3nfoNe