Дома Фудбал Англија Тен Хаг го избра новиот капитен на Манчестер Јунајтед

Тен Хаг го избра новиот капитен на Манчестер Јунајтед

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг минатата недела и официјално беше промовиран за нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Тен Хаг ќе седне на кормилото ова лето и сигурно ќе направи многу промени во тимот, а целта секако ќе биде да го врати Јунајтед на победничките патеки.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Иако Холанѓанецот дури на лето ќе ја преземе функцијата, тој веќе почнал со работа и го избрал капитенот на следната сезона.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тен Хаг одлучил капитенската лента да му ја додели на Де Геа, кој игра уште една одлична сезона и има големо влијание во соблекувалната.

Во моментов капитен е Мегваер, но неговите чести киксирања во одбраната, придонесоа за несигурност кај навивачите, но дефанзивецот ја загуби и довербата кај соиграчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србија и Албанија организираат ЕП во фудбал: На чекор до официјална потврда од УЕФА!

Во текот на летово се појавија информации дека Србија и Албанија би можеле заеднички да го…