Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг побарал од раководството шест нови засилувања, пренесуваат медиумите на Островот.
Холанѓанецот имал средба со спортскиот директор Џон Мартоу и доставил список со потенцијални засилувања за новата сезона.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Приоритет за Тен Хаг се три засилувања, Уриен Тимбер од Ајакс, Френки де Јонг од Барселона и Дарвин Нуњез од Бенфика.
За овие три засилувања раководството ќе треба да издвои околу 200 милиони евра, што нема да биде проблем за „црвените ѓаволи“ кои веќе почнале да работат на трансферите.