Не донесе репрезентативната пауза добри вести за екипата на Милан бидејќи тренерот Пауло Фонсека остана без Исмаел Бенаср кој се здобил со повреда на листот на десната нога.
Бенасер се повреди во обврските за својот национален тим и веднаш се врати на прегледи во Милано. Прво се очекуваше да има пократка пауза, но тестовите покажале дека го скинал мускулот на листот и тоа значи пауза помеѓу три и четири месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговото враќање на терените навивачите може да го очекуваат во јануари 2025 година. Летово Алжирецот се поврзуваше и со заминување од Милан, но на крајот остана. Неговиот договор е соважност до 2027 година.