Дома Македонски спорт Мак ракомет Тежок удар за Вардар: Заминува Јапонецот Јасухира!

Тежок удар за Вардар: Заминува Јапонецот Јасухира!

Eкипата на Вардар ќе остане без услугите на својот најдобар ракометар Косуке Јасухира, објави „Handball Arabic“.

Нов клуб на Јапонецот ќе биде Бурган од Кувајт. Неговото заминување ќе биде тежок удар за црвено-црните со оглед на тоа дека беше одличен во изминатата сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јасухира во Вардар настапуваше како позајмен ракометар од Висла Плоцк од Полска, иако играше само една сезона брзо стана миленик на публиката.

Висла бараше висока оштета за да го ослободи Јасухира, а тоа за тимот на Бурган не беше проблем.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…