Тевез во зимскиот преоден рок го замени дресот на Бока Јуниорс со дресот на кинескиот Шангај Шехуа и стана најплатен фудбалер во светот, но неговото деби беше вистински хорор.
Кинескиот тим беше поразен од Брисбејн Роар во квалификациите за групната фаза од Азиската лига на шампиони, што е сигурно голем удар и срам за богатиот клуб на стартот од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Брисбејн имаше одличен старт на мечот и поведе после само две минути преку голот на Брендон Борело. Работите станаа полоши за кинескиот клуб кога пред крајот на првиот дел кога Томи Оаро го зголеми водството на 2:0.
Според извештаите кои доаѓаат од Кина, Тевез практично не се видел на теренот, исто како и другата голема ѕвезда на кинексиот клуб, Обафеми Мартинс. Како всушност одиграл Шангај најдобро говори податокот дека имале само еден шут во оквирот на противничкиот гол.