ТАЈСОН ФУРИ (35) изјави дека Американецот Џаред Андерсон (23) е идниот шампион во тешка категорија.
“Џаред е тој, тој е идниот шампион. Тоа го кажав пред три години и сега стојам на моите зборови.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тој е наследник на тронот, верувајте”, изјави Фјури за Бокс Социјал.
Андерсон, со прекар Big Baby, е рангиран на 15-то место на рангирањето на BoxRec во тешка категорија.
Првиот професионален натпревар го имаше на крајот на 2019 година и оттогаш има водено 16 борби во кои 15 пати победил со нокаут.
Да потсетиме, Фјури неодамна ја победи ММА ѕвездата Френсис Нгану во необичен боксерски меч, потешко од очекуваното.
На почетокот на 2024 година се очекува британскиот борец да има спектакуларна борба со Украинецот Олександр Усик за обединување на титулите во тешка категорија.