Македонија денес одигра реми против силната Германија која е и европски шампион 25:25.
На овој натпревар најефикасен беше одличниот млад ракометар Филип Талески кој смета дека Македонија завршила одлична работа и дека со ладни глави треба да продолжат понатаму.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Ова беше навистина тежок натпревар, немавме притисок и според мене заслуживме да победиме. Но и ова е фантастичен резултат. Пренесуваме три бода во наредната фаза што до сега не и се случило на Македонија на едно Европско првенство. Со ладни глави треба да продолжиме и да бидеме спремни на тоа што не очекува во наредната фаза“