Репрезентацијата на Србија вчера беше елиминирана од Европското првенство, а по натпреварот капитенот Душан Тадиќ одново го критикуваше српскиот селектор, Драган Стојковиќ – Пикси.
Тадиќ во вчерашниот натпревар одигра едно полувреме, претходно со Словенија беше заменет во 82. минута, а против Англија одигра 29 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Против Англија не започнав од почетокот. Ми беше криво, но не сум јас важен. На полувремето ми се кажува, влегувате ти и Илиќ. Давам полн гас и тогаш кога требаше да влезам, ми се кажува, „одмори ќе влезе само Илиќ“. Не знам природно е да се почувствувам повреден. Не сакав никого да навредам, но сакав да преземам одговорност на себе и да дадам некој пример“.
Се спореди со Модриќ и вели дека резаултатите ќе биле можеби подобри ако тој играл.
„Навистина е тешко. Мислам дека заслужив подобар третман бидејќи ќе можев повеќе да дадам на тимот. Не сум јас важен во оваа приказна, важно е тоа што го носиш на теренот. Јас сум тимски играч и сакам да помогнам. Ако играв повеќе, можев повеќе да дадам. Одлуката е таква. Ја гледам Хрватска, таму Модриќ кој е три години повозрасен од мене во главно го игра секој натпревар, неважно каква е ситуацијата. Тоа, тука сум ќе играм колку треба и колку ќе ми се каже“, заклучи Тадиќ.