Дома Видео Сцената од доделувањето на медалите на играчите на Јунајтед разочара многумина (Видео)

Сцената од доделувањето на медалите на играчите на Јунајтед разочара многумина (Видео)

Манчестер Јунајтед не успеа да го освои трофејот во Лига Европа.

Во финалето после изведувањето на пеналите подобра беше екипата на Виљареал, која славеше со резултат 11:10 (1:1).

Трагичар беше голманот Давид де Геа, кој го промаши одлучувачкиот пенал, па на Виљареал му овозможи освојување на трофејот и пласман во ЛШ.

После натпреварот играчите на Јунајтед беа видно разочарани, а за тоа сведочи сцената од доделувањето на медалите.

Скоро сите фудбалери на тимот од Олд Трафорд ги симнаа медалите веднаш штом ќе ги добиеа и на само неколку фудбалери им остана на вратот.

Меѓу оние кои останаа и во поразот големи беа Единсон Кавани, Алек Телес, резервниот голман Грант, но секако не беше убаво да се види како поголем дел од играчите ги симнаа медалите од вратот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Јавноста „фаќа“ сеир по дебито на синот на Бекам: Две нафрлувања? Каков страшен настап!

Синот на Дејвид Бекам, Ромео изминатиот викенд дебитираше во професионалниот фудбал. Дебит…