Играчот на Милан, Сусо брилјира од почетокот на сезоната и во сенка ги фрли сите нови засилувања на „росонерите“ ова лето.
Шпанецот во првите две кола во Серија А беше најдобриот поединец кај Милан и запиша два гола и две асистенции.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Тоа го забележа и селекторот на Шпанија, Лопатеги па го повика Сусо во националниот тим, а италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Милан спрема подарок за Шпанецот.
Имено, Милан започна преговори со неговиот агент за продолжување на договорот, па Сусо ќе добие големо покачување на платата.
Сусо моментално заработува „само“ 1 милион евра по сезона, а со новиот договор ќе добие тројно поголема плата, односно 3 милиони евра годишно.