Дома Трансфер зона Супер друштво се собира во Јапонија: Иниеста, Подолски, Торес сега и Арјен Робен!

Супер друштво се собира во Јапонија: Иниеста, Подолски, Торес сега и Арјен Робен!

Холандските медиуми беа убедени дека кога Робен ќе го напушти Баерн ќе заврши во Гронинген.

Меѓутоа сега се појави нова опција – ФК Токио Арјен Робен.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Спорт Нипон“ пишува дека има шанси Робен на лето да пристигне во Јапонија пред се најмногу поради тоа што неговото семејство е расположено за престој во оваа земја. Робен има три деца и сигурно дека семејство му е најважно.

Од Токио не сакаа ниту да демантираат, ниту да потврдат, само порачаа дека собираат информации.

Робен е свесен дека годините го стигнуваат и во последната изјава порача дека можеби ова е негова последна сезона.

„Можеби ќе престанам да игра. Ќе морам да почекам да видам какви се можностите. Ако се појави нешто убаво ќе играм и понатаму. Ако нема идеални понуди тогаш, тоа е тоа. Имам три деца и тие мораат да бидат среќни. Семејството ќе одигра важна улога во мојата одлука, каква и да е истата“, изјави Робен.

Сепак, така зборуваа Андрес Иниеста, па на крајот не го одбија Висел Кобе, додека Фернандо Торес го избра Сеган Тосу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…