Реал Мадрид одлучи да го отпушти тренерот Јулен Лопетеги и на кормилото привремено го постави Солари.
Раководството на „кралскиот“ клуб сега е во потрага по етаблирано тренерско име кое ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ како трајно решение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овие денови се шпекулира со неколку имиња кои би можеле да ги преземат „кралевите“, а најмногу се споменуваат Антонио Конте и Маурицио Покетино.
„Марка“ пренесува дека Флорентино Перез нема трпение и се насочува кон други тренери, па сега во прв план изби Леонардо Жардим.
Португалскиот стручњак неодамна го напушти Монако со кого го воодушеви фудбалскиот свет пред две години. Жардим и Монако ја запреа доминацијата на ПСЖ и ја освоија шампионската титула во Франција и дојдоа до полуфиналето во Лигата на шампионите.
Весникот тврди дека Перез веќе го контактирал неговиот агент Жорге Мендеш и дека преговорите се во напредна фаза.